Достапни линкови

Тачи бара Владата да донесе одлука за царините за Србија


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи побара од Владата под итно да донесе одлука за царината на српски производи, онака како што бараат САД. Тој на Фејсбук предупреди дека со нарушувањето на односите со Вашингтон, актуелната Влада на Албин Курти ја доведува во прашање иднината на државата.

„Доста ги расипувате нашите специјални врски со САД, без кои не би ја имале ниту слободата, ниту државата, ниту иднината. Со таквиот однос се доведува во прашање и самата иднина на нашата држава“, напиша Тачи.

Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп бара од косовските власти веднаш да ја укинат таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина.

Сенаторот Дајвид Пердју го предупреди Косово дека ќе се соочи со повлекување на американската војска доколку не го исполни нивното барање. Пердју кој е републиканец од Џорџија порача дека силите на САД помогнале во зачувување на мирот меѓу Косово и Србија и дека сега Приштина мора да го заврши својот дел за одржување на стабилноста со укинување на царините.


XS
SM
MD
LG