Достапни линкови

Негативни резултати на коронавирус на 16 годишната пациенка


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерството за здравство информира дека негативни се резултатите на коронавирус на 16-годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест. Во меѓувреме, според министерството, тестирани се и другите двајца пациенти кај кои резултатите се исто така негативни.

„Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Школите и градинките затворени, Македонија-Косово без публика

Првозаболената пациентка со коронавирусот, како што наведуваат од министерството, била вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот, според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

XS
SM
MD
LG