Достапни линкови

Сите образовни установи затворени и во Грција поради коронавирусот


Илустрација коронавирус

Грчкиот министер за здравство Василис Кикиљас соопшти дека се одложува работата на сите приватни и државни градинки, училишта, универзитети во следните 14 дена за да се намали ширењето на кроонавирусот во земјата.

Тој порача дека сега е момент кога сите Грци треба да покажат одговорност. Според него, предвидени се и мерки за вработените родители на децата, како и за бизнисите погодени од коронавирусот. Во Грција потврдени се 89 случаи на заболени со Ковид-19.



XS
SM
MD
LG