Достапни линкови

Американски сенатор бара Косово да ја укине царината за српски производи


Сенаторот Дајвид Пердју

Сенаторот Дајвид Пердју го повика Косово да ги укине царините за производите од Србија или ќе се соочи со повлекување на американската војска од земјата. Пердју кој е републиканец од Џорџија порача дека силите на САД помогнале во зачувување на мирот меѓу Косово и Србија и дека сега Приштина мора да го заврши својот дел за одржување на стабилноста со укинување на царините.

„Доколку Косово целосно не се посвети на мирот, тогаш САД ќе размислат за нивното присуство таму“, на Твитер напиша Пердју, кој исто така е член на Комисијата за надворешни работи на Сенатот.

Доналд Трамп Јуниор, синот на американскиот претседател го реобјави коментарот на Пердју на Твитер додавајќи дека околу 650 војници се наоѓаат во Косово и дека е време тие да се вратат дома.

Помпео-Тачи: Приштина да ја укине царина од сто отсто за српски производи

САД се еден од најголемите поддржувачи на независноста на Косово од Србија која беше воспоставена во 2008 година. Приштина ги воведе царините од сто отсто во ноември 2018 година како одговор на постојаното лобирање на Белград кон земјите кои го признале Косово да ја поништат таквата одлука.

XS
SM
MD
LG