Достапни линкови

Ќе се разгледуваат нови мерки за заштита од коронавирусот


Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот денеска на седница ќе разгледаат евентуални нови мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на вирусот кои ќе ги достави како предлог до Владата. Министерството за здравство соопшти дека министерот за здравство Венко Филипче ќе одржи состанок со комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.

Евентуалните нови засилени мерки за заштита на населението и превенција од натамошно ширење на коронавирусот, ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а владината одлука ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.
Министерството за здравство, исто така, информира дека здравствената состојба на сите седум пациенти кои се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, е стабилна.

XS
SM
MD
LG