Достапни линкови

Два нови случаја на заразени со коронавирус во Словенија, вкупно 25


Бројот на лица заразени со новиот коронавирус во Словенија се зголеми на 25, откако докторите потврдија уште два нови случаја, јави дописникот на МИА од Љубљана. Една од новозаразените е медицинско лице кое работи во Универзитетската клиничка болница во Љубљана. Во превентивен карантин се ставени и другите вработени кои имале непосреден контакт со неа.

Од денеска во Словенија стапуваат во сила мерките кои вчера ги донесе Советот за национална безбедност. Сите собири во затворено со над 100 луѓе ќе бидат забранети, вклучувајќи културни и спортски настани. На копнените гранични премини и аеродромот Брник се поставени термални камери и се проверуваат сите кои влегуваат во земјата. Ако продолжи да расте бројот на новозаразени предвидено е затворање на сите градинки и училишта.

XS
SM
MD
LG