Достапни линкови

Претставници на Меркел и Макрон кај Курти и Тачи


Во посета на косовските државни челници, премиерот Албин Курти и претседателот Хашим Тачи се специјалните претставници на францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, објави МИА.

„Мисијата на емисарите од Франција и Германија, на средбите со Владата на Курти и државните челници, е деблокирање на преговорите со Србија и поддршка за постигнување конечен договор. Нивна главна порака е укинувањето на таксата од 100 отсто, како и пренесување на ставовите на двајцата највлијателни лидери во Европската унија, Макрон и Меркел, јави дописникот на МИА од Приштина.

XS
SM
MD
LG