Достапни линкови

САД ги повикаа постарите лица да направат залихи поради коронавирусот


Американските санитарни власти ги повикаа лицата кои би можело потешко да заболат од коронавирус, односно постарите и луѓето со хронични заболувања да направат резерви на храна и лекови и да се подготват да останат во нивните домови. Препораките беа упатени врз основа на испитувањата направени врз 70.000 кинески пациенти каде што меѓу 15 и 20 насто од заразените биле тешко заболени, главно постари лица. „Од 60 години ризикот да се разболиш е поголем“, изјави Ненси Месонјер, од Американскиот центар за контрола на здравјето. Според неа, лицата кои се постари од 80 години имаат најголем ризик тешко да заболат и да починат.

XS
SM
MD
LG