Достапни линкови

Тачи на одделни средби со партиски лидери, Курти не дојде


Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти не замина на состанок со претседателот на државата Хашим Тачи, кој денеска ги повика на одделни средби лидерите на парламентарните партии, со цел координација за прашањата од национален интерес, јави МИА од Приштина.

Курти изјави дека како лидер на партијата Движење Самоопределување нема интерес да се сретне со Тачи, а како премиер има обврска и ќе се сретне со него „еден друг ден, кога ќе заврши со партиите“. Во изјава за „Коха.нет“ Курти вели дека Тачи организира „средби за да создава раздор.

Лидерите на другите партии одговорија позитивно на поканата на претседателот.

XS
SM
MD
LG