Достапни линкови

Олимпискиот оган ќе се запали без публика


Церемонијата на палење на олимпискиот оган во Грција за Летните олимписки игри во Токио ќе се одржи неделава во древна Олимпија без публика, согласно одлуката на организаторите поради ширењето на новиот коронавирус, пренесоа британски медиуми, повикувајќи се на Грчкиот олимписки комитет.

Палењето ќе биде одржано на 12 март со поскромна церемонија, по што ќе следува седумдневно штафетно предавање на огнот и церемонија на конечно предавање на огнот на 19 март, пренесеа агенциите.

XS
SM
MD
LG