Достапни линкови

Коронавирус кај функционер во седиштето на НАТО


НАТО потврди дека еден функционер на оваа организација е заразен од коронавирус и се преземаат мерки да се спречи ширењето. Од НАТО велат дека лицето се заразило во Италија додека било на одмор. Тој лошо се почуствувал минатата недела и бил тестиран поради симптоми слични на треска. Членот на персоналот е дома во изолација, информира прес службата на НАТО. Неговите колеги биле информирани веднаш откако стасал позитивниот резултат за Ковид-19 и сите тие сега работат од дома. Истовремено бил информиран и целиот персонал на НАТО.

За да се гарантира безбедноста на персоналот и посетителите во НАТО, организацијата воведува превентивни мерки според насоките на Светската здравствена организација, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG