Достапни линкови

Директорката на Клиника во Скопје заболена од коронавирус


Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција соопшти дека директорката на Клниката за кожни болести е четвртиот потврден случај заболен од коронавирусот во земјава. Таа пред една недела допатувала од Италија и изминатите пет дена редовно одела на работа, истакна тој.

Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

Таа е стабилна и има лесна клиничка слика, додаде Филипче на прес-конференција во Владата.

XS
SM
MD
LG