Достапни линкови

ЕУ би можела да посредува меѓу Белград и Приштина


Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово Наталија Апостолова го поздрави првиот чекор на косовската Влада
за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина и порача дека претставниците на ЕУ се спремни да ја исполнат својата улога и да го овозможат дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во интервју за приштинскиот портал Љајми, Апостолова оцени дека одлуката на премиерот Албин Курти за делумно укинување на санкциите кон Србија и БиХ од 15-ти овој месец, би можела да има позитивен ефект на обновувањето на регионалната трговија и „отворање на прозорец“ за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

XS
SM
MD
LG