Достапни линкови

Поранешниот турски вицепремиер Бабаџан основа партија


Поранешниот турски вицепремиер и министер за економија Али Бабаџан објави во телевизиско интервју дејка ќе основа нова политичка партија која ќе биде промовирана в среда. Бабаџан во интервју за Фокс ТВ-Турција, изјави дека денеска ќе бидат доставени потребните документи во турското МВР за регистрирање на партијата, објави МИА.

Се очекува партијата да го носи името Демократија и напредок. Во периодот 2009-2015 година Бабаџан беше вицепремиер во владите на Партијата за правда и развој (ППР), и одговорен за економијата. Ја напушти таа партија во летото 2019 година поради „големи несогласувања“.

XS
SM
MD
LG