Достапни линкови

Ердоган утре во посета на Брисел


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре планира да замине во еднодневна посета на Брисел, соопшти неговиот Кабинет.

Во соопштението се вели дека тој ќе отпатува за Брисел на 9 март, но причината не е прецизирана.

Најавата се случува по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Хрватска, каде Турција беше критикувана дека „го користи очајот на мигрантите за политички цели.

Анкара минатата недела соопшти дека сите мигранти и бегалци кои се наоѓаат на турска територија може да тргнат кон Европа. Потегот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предизвика судири и хаос на границата со Грција на која се собраа илјадници мигранти и бегалци кои сакаат да влезат во земјата. Денеска на грчко-турската граница е мирно, велат грчките власти.

Кипар ќе испрати полицајци на грчко – турската граница кај Еврос, откако премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, во денешниот разговор со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, го прифатил предлогот на Никозија, јави дописничката на МИА од Атина.

XS
SM
MD
LG