Достапни линкови

Денеска мирно на грчко-турската граница кај Еврос


Ситуацијата на грчко-турската граница, во текот на ноќта и во раните утрински часови е мирна, откако во текот на вчерашниот ден имаше инциденти,јави дописничката на МИА од Атина.

За оцена на ситуацијата на Еврос и на островите, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис, вчера одржа состанок на кој присуствуваа министрите за цивилна заштита, за одбрана, поморство и заменици, началникот на Генералштабот на грчката армија, началникот на крајбрежната служба.

„За време на состанокот, беше констатирана успешната акција за спречување од грчката полиција, војската и крајбрежната служба против обидите за организиран илегален влез во земјата и се разговараше за дополнителниот план за чување на границите“, соопштија од кабинетот на Мицотакис.

Притисокот на границата продолжува откако Анкара соопшти дека сите мигранти и бегалци кои се наоѓаат на турска територија може да тргнат кон Европа. Турција се закани дека ќе ги отвори границите и ќе ги прати мигрантите кон Европа минатата недела. Потегот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предизвика судири и хаос на границата со Грција на која се собраа илјадници мигранти и бегалци кои сакаат да влезат во земјата.

XS
SM
MD
LG