Достапни линкови

Маскирани лица нападнале учесници на протестот за 8 Март во Киргистан


Група маскирани лица нападнале учесници на протести против семејно насилство во главниот град на Киргистан, Бишкек.

Полицијата пристигнала на местото на настанот откако повеќето напаѓачи избегале. Уапсени се неколку десетини организаторите и учесници на демонстрациите. Еден локален новинар за новинската агенција АФП изјави дека се приведени дури 70 лица.

Киргистанскиот сервис на РСЕ јавува дека меѓу приведените има и новинари и активисти за човекови права.

Портпаролот на полицијата за АФП изјави дека демонстрантите биле приведени за нивна безбедност и затоа што притестите не биле одобрени однапред од владата. Портпаролот исто така рече дека тројца осомничени напаѓачи се исто така во притвор.

Со протестите требаше да се одбележи Меѓународниот ден на жената.

Претходно денеска Судот ги забрани сите демонстрации во центарот на главниот град до 1 јули, наводно да го ограничи ширењето на коронавирусот, иако во земјата нема регистрирано случаи на заболени.

Минатогодишните демонстрации за 8 март ги налутија конзервативците во Киргистан, кои тврдат дека демонстрантите се залагаат за права на геј луѓето.

Во Киригистан годишно се регистрираат по илјадници случаи на киднапирање на невести, иако таквата практика е криминализирана во 2013 година. Активистите велат дека ваквата појава е широко распространетата и честопати доведува до силување во бракот, семејно насилство и други трауми за жените.

Програмата за развој на Обединетите нации проценува дека во 2019 година околу 14 проценти од киргистанските жени под 24 години се во брак под некаква форма на принуда.

XS
SM
MD
LG