Достапни линкови

Најмалку четири загинати при коласот на хотелот - карантин од коронавирусот во Кина


Хотелто во провинцијата Фуџијан.

Најмалку четири луѓе загинаа, а уште многу остануваат заробени под урнатините на хотелот во источна Кина, кој се урна вчера. Хотелот во провинцијата Фуџијан се користеше како карантин за лица кои биле во контакт со заразени од коронавирусот.

Кинеското Министерство за управување со вонредни состојби денеска соопшти дека спасувачите извлекоа 38 преживеани од под урнатините од вкупно 71 првично заробени.

Петмина од спасените се во сериозна состојба, соопштија властите.

Инцидентот се случил во хотелот „Синсиа експрес“ со 80 соби. Хотелот се наоѓа во градот Куангжу, во провинцијата Фуџијан.

Во Кина, од кадешто потекна вирусот има повеќе од 80 илјади заразени. Денеска се пријавени 44 нови слуачи на заразени во изминатото деноноќие, што е најниско ниво откако започна да ги објавува бројките на национално ниво на 20 јануари. Исто така, пријавени се 27 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати од вирусот достигна 3.097.

XS
SM
MD
LG