Достапни линкови

Чулев - Новите пасоши ќе бидат обезбедени за седум до 10 дена


Македонски пасоши

За една недела се очекуваат да пристигнат пасошите од Германија, согласно комуникацијата на Министерството за внатрешни работи со фирмата Веридос која ги изработува. Ова го најави министерот Наќе Чулев кој денеска беше во посета на СВР Тетово.

„Согласно договорот пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат од 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март“, истакна Чулев.

Треба да бидат испорачани 100 илјади пасоши.

Тој рече дека дневните капацитети на МВР за издавање патни исправи се до три илјади пасоши, така што, со оглед дека има побарувачка од 27 до 28 илјади пасоши сите потреби би се задоволиле до 10 дена.

XS
SM
MD
LG