Достапни линкови

Папата ќе упатува благослов преку видео-линк поради коронавирусот


Папата Франциск

Папата Франциск наредните два јавни благослови ќе ги упати преку видео-линк за да спречи собирање на верниците како мерка за претпазливост против ширењето на коронавирусот.

Ватикан во денешното соопштение наведува дека Папата нема својот традиционален неделен благослов да го упати од прозорецот на Плоштадот Свети Петар, како што е обичај, туку обраќањето ќе биде пренесувано од библиотеката во Апостолската палата. Истото ќе биде направено и во среда.

Папата исто така престана да служи утринска миса во капелата на ватиканскиот хотел во кој живее, наведувајќи дека контактите со луѓето му се многу ограничени за да се намали можноста да се разболи.

Имајќи предвид дека има 83 години, дека се опоравува од настинка, и дека дел од едното белодробно крило му бил отстранет уште во младоста, Папата Франциск би бил во опасност од сериозни компликации ако се зарази од коронавирусот.

Италија им препорачува на повозрасните граѓани да остануваат дома.

Мерките се воведени откако Ватикан вчера го потврди првиот случај на коронавирус.

XS
SM
MD
LG