Достапни линкови

Ако е потребно Владата ќе ги зголеми мерките против коронавирусот


Прес конференција на министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Оливер Спасовски.

Ако е потребно Владата ќе ги зголеми мерките за заштита на населението поради коронавирусот, изјави премиерот Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно одложување на партиските конвенции поради корона вирусот.

„Знаете дека максимално посветено се работи и од Министерството за здравство и од Кризниот штаб. Како Влада вчера дадовме препораки дека продолжува за една недела препораката до сите кои организираат настани на затворено и спортски натпревари без публика“, истакна Спасовски.

Владата вчера го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство да се продолжи препораката за ограничување на јавните настани со гости од странство, препораката за неодржување на поголеми јавни собири и настани, како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика до 13 март 2020 година, соопштија од владината прес служба.

Во земјава засега има три регистрирани случи на заразени со коронавирус.

Прашан дали ќе биде носител на листа во втората изборна единица Спасовски, рече дека за тоа ќе треба да се почека одлуката во партијата и оти се ќе биде познато во понеделник.

XS
SM
MD
LG