Достапни линкови

Се бара оставка од Река поради најавата за компромис со Србија


Блерим Река

Поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај побара оставка од министерот за европски интеграции на Косово, Блерим Река поради неговата изјава дека е потребен компромис со Србија, на тој начин што ќе ѝ се даде транзитен коридор за излез на Јадранското Море.

Харадинај на својот профил на Фејсбук напиша дека овој предлог на Река значи „враќање на Косово во Србија и отворање на патот на Србија за влез во Албанија“.

„Оваа уништувачка понуда ѝ овозможува на Србија да влезе во албанството и да го реализира вековниот сон за освојување на албанските земји. Овој министер треба веднаш да даде оставка пред и да му се побара тоа“, пишува Харадинај.

Идејата за коридор за Србија, како замена за отстапување територија, Река ја изнесе во вчерашното интервју за државната телевизија РТК.

„Ние можеме да ѝ дадеме на Србија транзитен коридор за излез на Јадранското Море, преку Косово, преку косовскиот автопат до Драч. И мислам дека тоа е фер компромис за Србија“, изјави Река.

На оваа изјава на министерот за евроинтеграции реагира и опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), која смета дека таквите ставови се опасни за косовската држава. И ПДК побара од премиерот Албин Курти веднаш да го разреши Река и да се дистанцира од неговиот „антинационален став“.

XS
SM
MD
LG