Достапни линкови

Во Идлиб се почитува прекинот на огнот


Турски војници.

Се почитува договорот за примирје меѓу Русија и Турција во сириската покраина Идлиб.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска изјави дека немало никакви нарушувања на прекинот на огнот. Тој изјави дека ќе продолжат да спречуваат какво било нарушување на прекинот на огнот.

Прекинот на огнот беше постигнат во Москва во четвртокот, меѓу турскиот и рускиот претседател Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин.

„Турција ќе ги искористи правата за самоодбрана, доколку има напад врз нашите сили или бази во регионот, рече Акар.

Договорот, исто така, предвидува заеднички патроли на турските и руските сили во Идлиб, вклучително и по главниот пат, почнувајќи од 15 март.

Турскиот министер вели дека веќе започнале со процедурите за безбедносниот коридор и дека следната недела Анкара ќе ја посети руска воена делегација за да разговараат за чекорите што треба да се преземат.

Русија и Турција поддржуваат спротивставените страни во конфликтот во Сирија, односно Москва го поддржува претседателот Башар ал Асад, а Турција поддржува некои бунтовнички групи.

XS
SM
MD
LG