Достапни линкови

Касами - САД ја поддржуваат предизборната коалиција СДСМ – Беса


Билал Касами, Беса

Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, кој деновиве е во посета на Вашингтон изјави дека високите американски претставници со кои се сретнал ја поздравиле одлуката на лидерите на СДСМ и на Беса за предизборна коалиција, со цел, како што вели граѓаните да добијат лидери кои пред сѐ ќе работат за нивните интереси и интересите на државата, за што побрзо Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, како што наскоро очекува да стане и членка на НАТО.

Касами се сретна со високи официјални лица од Конгресот и Стејт департментот, меѓу кои и со Филип Рикер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија.

Беса и СДСМ неодамна потпишаа договор за заедничко предизборно коалицирање, што е прва таква коалиција за парламентарни избори меѓу партија од македонскиот и партија од албанскиот блок. Касами во интервју за МИА вели оваа коалиција има задача да докаже дека Македонија има капацитет да гради општество кое ќе биде рамноправно за сите.

Тој вели дека било договорено на изборните да трчаат со најдобрите кандидати што ги имаат во движењето Беса, и во коалицијата со СДСМ.

„Не беше најважно кој каде ќе се натпреварува, но сигурно дека како лидер на Беса кој доаѓа од шестата Изборна единица, би било нормално јас да ја предводам“, вели Касами.

XS
SM
MD
LG