Достапни линкови

Палмер: Грција има право да ги брани нејзините граници


Метју Палмер

Грција има право да ги брани нејзините граници, тоа е апсолутно логична позиција и обврска и одговорност на секоја држава, изјавил заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер за време на настан организиран во Атина од „Делфи економскиот форум”, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.

Палмер изразил поддршка за Грција и ја поздравил одлуката на ЕУ да ѝ помогнеме на земјата.

„Ова што во овој момент се случува на границата меѓу Грција и Турција истакнува колку е кревка ситуацијата. Грција може да се потпре на пријателството, поддршката и односите со САД“, изјавил Палмер.

Тој истакнал дека Соединетите држави би сакале и понатаму да постојат канали на комуникации меѓу Грција и Турција, а „САД ќе сторат сѐ што можат за да се избегне било каков сериозен инцидент и тензија”.

Палмер во Атина остварил средби со министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулос, со министерот за внатрешни работи Такис Теодорикакос, со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милтиадис Варвициотис, како и со надлежниот за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.

XS
SM
MD
LG