Достапни линкови

Сто дена ЕК: Западен Балкан останува приоритет во процесот на проширување


илустрација

Европската комисија, предводена од претседателката Урсула Фон Дер Лаен, се обиде да го заживее процесот на проширување на ЕУ, а ангажирањето за земјите од Западен Балкан ќе остане приоритет до крајот на мандатот, соопшти ЕК по повод првите 100 дена работа.

„Комисијата останува посветена на започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија. Ангажирањето со Западен Балкан ќе биде приоритет и во остатокот од мандатот“, се вели во соопштението.

Меѓудругото се наведува дека Комисијата предводена од Лаен ја води глобалната борба против климатските промени“, а во таа насока биле усвоени и Европскиот договор на зелените и Законот за клима. Понатаму се наведува:

„Во текот на првите 100 дена, Комисијата работеше „на сите фронтови“ за да го потисне ширењето на вирусот корона, ја координираше размената на информации меѓу земјите-членки, изврши проценки на макроекономско влијание и координирани мерки на границите. Исто така, Комисијата најавидека ќе инвестира 232 милиони евра за зајакнување на подготвеноста, третманот и истражувањето на вакцините“.

Дер Лаен оцени дека ова е добар почеток за новиот состав на Комисијата.

"Приказната за нашите први 100 дена е приказна за соочување со двојната транзиција со која се соочува Европа. Тоа е приказна за претворање на борбата против климатските промени во можност за бизнис и развој. И приказна за зајакнување на геополитичката моќ на ЕУ. Ние направивме добар почеток во првите 100 денови “, констатираше претседателката Дер Лаен.

Од ЕК наведуваат дека за време на своите први 100 дена работа, Комисијата покажала дека е подготвена да биде сигурен сосед, преку организирање на донаторска конференција за да се соберат 1,15 милијарди американски долари за Албанија по земјотресот. Таа најавува дека во скоро време ќе се донесе Стратегија за Африка за ново партнерство што ќе вклучува нови работни места, миграција, мир и дигитализација.

Новиот состав на Комисијата, предводена од Урсула фон Дер Лаен, ја презеде функцијата на 1 декември.

XS
SM
MD
LG