Достапни линкови

Прв случај на коронавирус во Србија


Илустрација

Во Србија е регистриран прв случај на коронавирусот, објави српскиот министер за здравство Златибор Лончар.

Се работи за 43 годишен маж од Суботица кој во повеќе наврати престојувал во Будимпешта каде што неговата сестра имала респираторни проблеми. Во моментот, како што рече Лончар, тој се наоѓа во болница во Суботица.

„Се вратил во Србија и почувствувал проблеми, бил одговорен и одма се изолирал, по што синоќа му е направен тест, а утрово стигнаа резултатите дека е позитивен на коронавирус“, рече Лончар.

XS
SM
MD
LG