Достапни линкови

Над 200 потврдени случаи на коронавирус во САД


Во САД до синоќа се потврдени 205 случаи на коронавирус, јави МИА. Најмногу од нив, 75 заболени и 13 смртни случаи има во сојузната држава Вашингтон. Компаниите Фејсбук, Гугл и Мајкрософт, чие седиште е во Сиетл, но и многу други помали фирми од оваа сојузна држава, им наложија на своите вработени да работат од дома.

Официјални претставници укажуваат дека бројот на заразени во САД може да се зголеми, но оти засега нема потреба од паника.

Сенатот на САД синоќа во брза постапка одобри 8,3 милијарди долари итна помош за борба со смртоносното заболување. Средствата се наменети за производство на дополнителни брзи тестови за Ковид-19 и за развој на вакцина, но и за реализиција на други медицински изучувања и домашна нега на постари болни лица за да се спречи инфекцијата и смртноста.

XS
SM
MD
LG