Достапни линкови

Времето облачно, попладне дождливо


Времето претпладне ќе биде облачно, а попладне во западните и северните делови од земјава се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.

Утринската температура се движи од -5 до 1, а дневната ќе биде од 6 до 17 степени. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој краткотрајно ќе засилува долж Повардарието и во крајните западни делови.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура се спушти до -1, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Синоптичарите за утре најавуваат умерен, а на места повремено и силен ветер од јужен правец.

XS
SM
MD
LG