Достапни линкови

За 12 часа спречени над 1.800 обиди за нелегален влез во Грција


Мигранти на турско-грчката граница кај селото Кастањес

Од шест часот утрово, заклучно со 18 часот, според грчки владини извори, во регионот на Еврос биле спречени 1.871 обид за нелегален влез во Грција, а биле уапсени осум лица, од кои седум од Авганистан и еден од Сирија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од саботата наутро заклучно со попладнево, нелегален влез во Грција од Турција бил спречен во 36.649 случаи, а уапсени се вкупно 252 лица.

Според истите информации, повеќето уапсени лица од саботата наутро до денеска во шест часот се од Авганистан (64 отсто), 19 проценти се од Пакистан, пет отсто од Турција, од Сирија се четири проценти, 2,6 отсто од Сомалија, а останатите 5,4 отсто од Ирак, Иран, Мароко, Етиопија, Бангладеш и Египет.

Турција одлучи и да ги отвори границите за мигрантите и бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија што создаде притисок на границата со Грција и стравување од нов мигрантски бран.

XS
SM
MD
LG