Достапни линкови

Семејството на диктаторот Франко се жали поради неговата ексхумација


Долината на паднатите каде што беше погребан генерал Франциско Франко

Потомците на шпанскиот диктатор, генералот Франциско Франко поднесоа жалба пред Европскиот суд за човекови права против шпанската влада поради неговата ексхумација минатата година.

Шпанската влада лани ги премести посмртните останки на Франко од мавзолејот во Мадрид и ги пренесе во приватна гробница.

Адвокатите на неговите внуци денеска рекоа дека семејството смета дека владата со ексхумацијата од октомври ги „експроприрала“ неговите останки, зашто сега им е потребно одобрение да го посетат неговото ново гробно место. Тие сметаат дека тоа претставува повреда на семејното право.

Според законот за историско сеќавање од 2007 година, социјалистичката влада ги ексхумираше посмртните останки на Франко од мавзолејот „Долина на паднатите“, каде што беше погребан по неговата смрт во 1975 година, и повторно го погреба во мала семејна крипта северно од Мадрид.

Владата тогаш тврдеше дека модерна демократска држава не може да има „огромно светилиште“ за диктатор. Тоа, според нив, е чин за стотици илјади загинати во шпанската граѓанска војна во 30-тите години од минатиот век и за оние кои претрпеле прогон за време на неговиот скоро четиридецениски режим.

XS
SM
MD
LG