Достапни линкови

Француски велосипедист ќе штрајкува со глад ако остане во карантин во Абу Даби


Илустрација

Шефот на професионалниот француски велосипедски тим, кој е во карантин во хотел во Абу Даби поради коронавирусот, се закани денеска со штрајк со глад ако властите не го пуштат да излезе од Обединетите Арапски Емирати.

Како што јавува агенцијата Ројтерс, Роберто Дамиани, спортски директор на тимот Кофидис вели дека и покрај тоа што тестот му е негативен тој заедно со 50 гости, меѓу кои и 18 професионални велосипедисти е принуден да седи во хотелот во карантин.

Властите во Обединетите Арапски Емирати наредија два луксузни хотели, Краун Плаза и Ви Хотел, да бидат ставени во карантин откако двајца Италијанци, дојдени за велосипедската трка во ОАЕ беа позитивни на коронавирусот. Меѓу гостите во двата хотела има вкупно 140 професионални велосипедисти кои отишле таму заради трката чии последни две етапи се откажани поради корованирусот.

XS
SM
MD
LG