Достапни линкови

АВМУ: затворските казни за новинари може да доведат до автоцензура


Илустрација- зградата на Кривичен суд во Скопје

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува загриженост во врска со шестмесечната условна затворска казна за главниот и одговорен уредник на „Инфомакс“, Александар Митовски поради оддавање службена тајна.

„Изрекувањето затворски казни за новинари кои информираат за теми од висок јавен интерес може да доведе до појава на автоцензура, а со тоа и до нарушување на слободата на информирање, слободата на изразување, но и на поширокиот јавен интерес“, наведуваат од Агенцијата.

Од таму потсетуваат дека една од суштинските задачи на медиумите е токму јавниот надзор над работата на политичките и јавните органи преку кој се гарантира нивната одговорност и транспарентност. Истовремено, наведуваат и дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди.

Основниот кривичен суд во Скопје вчреа изрече пресуда од шест месеци условна затворска казна за Митовски за дело оддавање службена тајна, бидејќи на неговиот портал бил објавен дел од записникот за кривичната пријава која ја поднесе бизнисменот Јордан Камчев за случајот „Рекет.“

XS
SM
MD
LG