Достапни линкови

Меѓународниот суд во Хаг одобри истрага за сите воени злосторства во Авганистан


Илустрација- зградата на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Холандија

Меѓународниот кривичен суд во Хаг му одобри на обвинителството да почне со истрага за можни воени злосторства извршени во Авганистан вклучувајќи и можни злосторства извршени од американските сили.

"Судот смета дека е соодветно да се прифати жалбата и обвинителството да биде овластено да почне истрага“, рече судијата Пјотр Хофмански.

Во април 2019 година судиите од понискиот суд едногласно го одбија барањето на обвинителот од Меѓународниот кривичен суд во Хаг Фатоу Бенсоуда, да почне истрага за можни воени злосторства извршени од талибанците, авганистанските безбедносни сили, американската војска и разузнавачките агенции. Меѓународните организации за човекови права тогаш оценија дека одлуката праќа лоша порака, а американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави нарекувајќи ја „голема меѓународна победа за владеење на правото“.

XS
SM
MD
LG