Достапни линкови

Ердоган очекува прогласување примирје во Идлиб, Сирија


Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека очекува во сириската провинција Идлиб да биде прогласено примирје по неговиот денешен состанок во Москва со рускиот колега Владимир Путин. Што се однесува до преговорите, очекуваме да се прогласи прекин на огнот, истакна Ердоган.

Конфликтот во регионот Идлиб, поради кој речиси еден милион луѓе се раселени, е интензивиран во последните денови меѓу бунтовничките сили, поддржани од Анкара, од една страна, и сириските владини сили, поддржани од Москва и Техеран, од друга страна.

Борбата за Идлиб, кој претставува последна голема област во северозападниот дел на Сирија под контрола на бунтовниците, би можела да предизвика, според оценките на ОН, најголема хуманитарна криза од почетокот на деветгодишната граѓанска војна во земјата.

XS
SM
MD
LG