Достапни линкови

Мишел: забрзување на помошта за Турција околу бегалците


Шарл Мишел и Реџеп Таип Ердоган

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел вчера разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, при што се заложи за забрзување на давањето нова финансиска помош за сириските бегалци, се наведува во соопштението од ЕС.

„Средбата беше отворена и неопходна. Фокусот на разговорите беше ставен врз миграциската ситуација по морските и копнените граници на ЕУ и кризата во Сирија, рече Мишел. Неопходно е да се намали сегашниот миграциски притисок по должината на европските граници. Европа е подготвена да ја засили поддршката за Сиријците во Турција“, додаде претседателот на ЕС.

Во соопштението се истакнува и дека Мишел „ја потврдува својата поддршка за Грција, Бугарија и Кипар“.

XS
SM
MD
LG