Достапни линкови

Десет лица во Хрватска позитивни на коронавирусот


Илустративна фотографија.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош на прес-конференција изјави дека десет лица се позитивни на коронавирусот. Потврдено е дека заразен од вирусот е возач од Вараждин, кој на 29 февруари се вратил од Италија.

Тој е ставен во самоизолација, развил многу благи симптоми, тестиран е позитивно, рече Берош.

„Тој е десети заболен кај кој е потврдена инфекција од коронавирусот. Во тек се 266 тестирања, девет не се готови, се изработуваат, но нема клинички показатели кои сугерираат дека ќе има нови позитивни“, изјави Берош.

Алемка Маркотиќ - директорка на Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михаљевиќ“ изјави дека сите десет пациенти се добро, додавајќи дека повеќето од забелените немаат симптоми. Двајца заболени во Ријека и натаму имаат температура, тие се под засилен надзор, а сите останати се со благ облик на болеста, рече таа.

На Клиниката се одржа состанок со Друштвото за заразни болести и шефовите на сите инфективни клиники во Хрватска, рече Маркотиќ.

XS
SM
MD
LG