Достапни линкови

Италија размислува за затворање на сите училишта и универзитети


Човек со маска на железничката станица Кадорна во Милано, откако земјата е погодена со коронавирусот.

Италијанската министерка за образование Лусија Ацолина изјави дека владата размислува веднаш да ги затвори сите училишта и универзитети, бидејќи земјата се справува со појавата на коронавирусот (КОВИД-19) кој предизвика смрт кај 79 луѓе.

Ацолина денеска рече дека ваквиот потег бил дискутиран со другите министри и оти одлуката ќе биде донесена „во наредните часови.“

Нејзините коментари доаѓаат откако локалните медиуми објавија дека веќе е донесена одлука за затворање на образовните институции до средината на месецот, за да се помогне во спречување на епидемијата.

Доколку биде усвоен, овој потег ќе ја прошири мерката од пред 10 дена со која владата ги затвори училиштата и универзитетите во италијанските северни региони кои се најпогодени од коронавирусот.

Исто така беа ставени во карантин неколку градови во епицентарот на избувнувањето на заразата, каде беа инфицирани околу 2.500 луѓе.

XS
SM
MD
LG