Достапни линкови

Мицкоски: преименувањето на училиштата во Чаир е незаконито


Архивска фотографија- претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска рече дека за нив преименувањето на двете училишта во Чаир е направено на незаконит начин.

„За нас ставот е дека тоа е направено на незаконит начин, начин на кој што се силуваат процесите во државата и сето ова се случува во предизборен период кога јавноста е сензибилизирана, кога граѓаните се сензибилизирани“, рече одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, пак, откако вчера кажа дека преименувањето е направено на незаконски начин, денеска рече дека по темелна анализа правни тимови констатирале и го информирале оти промената на имињата е законска.

Претходно министерот за образование Арбр Адеми на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дека ги потпишал потребни акти двете училишта во општина Чаир да се преименуваат. Според записот од Централен регистар кој го објави Адеми, училиштето Никола Вапцаров сега се вика Имри Елези, а Рајко Жинзифов е преименувано во Исмаил Ќемали.

XS
SM
MD
LG