Достапни линкови

Борел во Анкара- ситуацијата со мигрантите е неприфатлива


Архивска фотографија- шефот на европската дипломатија Џозеп Борел

Шефот на европската дипломатија Џозеп Борел денеска во Анкара им пренел на турските власти дека ситуацијата на границата со Грција е неприфатлива и дека дека Турција не треба да охрабрува понатамошни движења на мигрантите кон границите на земјите членки на Европската унија.

Зборувајќи по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, тој рече дека средбата била долга и корисна.

Повеќе од 10 000 мигранти се обидуваат да влезат во Грција откако Турција минатата недела рече дека нема повеќе да се придржува до договорот од 2016 година со Европската унија да ги запре тековите на нелегалната миграција кон Европа во замена за милијарди евра помош.

XS
SM
MD
LG