Достапни линкови

Парламентарни избори во Србија на 26 април


Архивска фотографија- Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска распиша парламентарни избори за на 26 април, гласање на кое се очекува да биде зајакната власта на неговата Српска прогресивна партија. По потпишувањето на документот во неговата канцеларија во Белград тој рече дека посакува демократска атмосфера на изборниот ден. Повеќето опозициски партии одлучија да ги бојкотираат изборите, обвинувајќи го Вучиќ и неговата коалиција за авторитарност, гушење на медиумските слободи, напад врз опозициски активисти, корупција и врски со организираниот криминал. Вучиќ и неговите поддржувачи кои имаат мнозинство во парламентот кој има 250 места, ги отфрла ваквите обвинувања.

XS
SM
MD
LG