Достапни линкови

Ердоган се надева на примирје во Сирија по состанокот со Путин


Архивска фотографија- турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека очекува оти утрешниот разговор во Москва со неговиот руски колега Владимир Путин ќе помогне за постигнување примирје во сириската провинција Идлиб.

„Што се однесува до преговорите, очекуваме да се прогласи прекин на огнот“, истакна Ердоган.

Конфликтот во регионот Идлиб, поради кој речиси еден милион луѓе се раселени, е интензивиран во последните денови меѓу бунтовничките сили, поддржани од Анкара, од една страна и сириските владини сили, поддржани од Москва од друга страна.

Турција одлучи и да ги отвори границите за мигрантите и бегалците кои се наоѓаат на нејзина територија што создаде притисок на границата со Грција, а како што се јавува утринава грчката полиција испукала солзавец и шок бомби за да ги растера насобраните мигранти. Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу денеска рече дека 135 000 мигранти влегле од Турција во Грција.

XS
SM
MD
LG