Достапни линкови

Времето денеска сончево со северен ветер


Илустративна фотографија.

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно во претпладневните часови, а попладне претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието, како што информираат од УХМР. Максималната температура ќе се движи од седум до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер, максималната температура ќе достигне 11 степени.

XS
SM
MD
LG