Достапни линкови

Собраниската седница за законот за ЈО почна со расправии


Архивска фотографија- пленарна седница на Собранието

Во Собранието претпладнево продолжи седницата на чиј дневен ред е Предлог-законот за јавно обвинителство, а почетокот на продолжението помина во меѓусебно обвинување на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за тоа кој сака или не сака да се донесе ова законско решение, кој сака или се плаши да оди на предвремените парламентарни избори, или кој сака да се заштити од направените криминали. По ова, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од еден час.

Пред почетокот на седницата во Собранието се одржа координација на пратеничките групи кај претседателот на Собранието Талат Џафери. На ова забелешка имаше пратеничката од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Емилија Александрова која побара објаснување од Џафери зошто не биле повикани на таа координација.

Во законодавниот дом за денеска се планирани две седници. На првата на дневен ред е Предлог законот за јавно обвинителство за кој е потребно двотретинско мнозинство, а на втората, закажана за 15 часот попладне е предлогот на премиерот Оливер Спасовски за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

XS
SM
MD
LG