Достапни линкови

Пакистанската влада усвои контроверзен закон за социјалните мрежи


Илустрација

Пакистанската влада ги усвои новите правила за регулирање на содржините на социјалните мрежи кои според критичарите им даваат можност на властите да ги замолчуваат неистомислениците и да ја загрозат слободата на говорот.

Законот бил потврден од федералниот кабинет кон крајот на минатиот месец, без јавна консултација, а медиумите за него дознаа вчера. Текстот предвидува компаниите кои стојат зад социјалните мрежи да се сметаат за одговорни за спречување на пренесување во живо на каква било содржина која е поврзана со „тероризам, екстремизам, говор на омраза, клеветење, лажни вести, поттикнување на насилство и загрозување на националната безбедност“.

Потегот доаѓа во време на обвинувања дека Владата на премиерот Имран Кан врши цензура врз медиумите и ги замолчува опонентите.

XS
SM
MD
LG