Достапни линкови

Ди Мајо и Димитров внимателни во прогнозите за датумот за преговори со ЕУ


Министерите за надворешни работи на Италија и на Северна Македонија, Луиџи ди мајо и Никола Димитров во Скопје, 11 февруари 2020 година.

Без разлика дали станува збор за стара или нова методологија на преговарање, отворањето на преговорите не смее да се забави, бидејќи тука се работи само за политичка волја, порача денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо.

Тој денеска престојува во Скопје, а на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека да дава гаранција за брзината со која ЕУ ќе ја донесе новата методологија е многу амбициозна работа.

„Ние сме 27 држави, сите треба да одлучат, но нашата заложба е во насока сето тоа да биде што е можно побрзо – значи, за новата методологија и за отворање на преговорите“, рече Ди Мајо и додаде дека доколку земјите кои се основачи на ЕУ се соединети и се компактни значи дека може да започне едно ново поглавје за граѓаните на Северна Македонија.

Димитров се надоврза дека земаќи ги предвид искуствата од јуни 2018, јули 2019, октомври 2019 би било прехрабро да се даде прогноза.

На средбата денеска Ди Мајо и Димитров се согласиле дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе многукратна корист за земјата, регионот и ЕУ.

XS
SM
MD
LG