Достапни линкови

Свечена седница на Собранието за ратификација на Протоколот за НАТО


Македонија, НАТО, ЕУ

Свечена седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во членството во НАТО ќе се одржи денеска во Собранието во присуство на претседатели и претставници на парламенти на земјите од соседството, на македонскиот државен и политички врв, на дипломатскиот кор. Со ратификацијата земјата уште еден чекор ја дели од полноправното членство во Алијансата, како 30. земја-членка. Ќе остане недовршена уште ратификацијата во Парламентот на Шпанија, а ратификацијата кај нас ќе има одложено дејство и ќе се активира откако процесот ќе заврши во Мадрид. Предлог-законот за ратификација е во собраниска процедура, откако Владата се одлучи за предвремена ратификација кај нас, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со оглед на тоа што земјава оди на предвремени избори на 12 април. На денешната свечена седница на Ратификацијата на Северноатлантскиот договор свои обраќања, маќу другите, ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Парламентот Талат Џафери, техничкиот премиер Оливер Спасовски. По гласањето пред пратениците и присутните ќе се обрати и претседателот на ПС-НАТО Атила Местерхази. На седницата поканети да присуствуваат се и поранешни претседатели, премиери, лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и претстатвници од општествениот и јавниот живот и дипломатскиот кор, меѓу кои и амбасадори од земји членки на НАТО. По ратификацијата во 16 часот планирана е церемонија на подигнување на знамето на НАТО пред Собранието.

XS
SM
MD
LG