Достапни линкови

Косовскиот премиер Курти во прва официјална посета на Албанија


Косовскиот премиер Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе отпатува за Албанија, во неговата прва официјална посета надвор од земјата откако на 3 февруари, беше избран на чело на новата Влада на Косово. Според агендата што ја објави неговиот кабинет, за време на престојот во Тирана, Курти ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама, претседателот на државата Илир Мета, собранискиот спикер Грамоз Ручи, тиранскиот градоначалник Ерион Велиај и лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската партија на Албанија, Љуљзим Баша.

XS
SM
MD
LG