Достапни линкови

Комисиска расправа за законот за ЈО


претседателот на парламентот Талат Џафери

Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија на денешните седници траба да ги разгледаатпредлог-законот за јавно обвинителство и измените на Законот за Совет на јавни обвинители. До ова дојде откако Собранието синоќа изгласа предлог законот за ЈО и измените на Законот за Совет на јавни обвинители да се носат по скратена постапка, а претседателот на парламентот Талат Џафери побара од претседателите на двете комисии да закажат седници. Бидејќи станува збор за законски решенија во скратена постапка и со европско знаменце, комисиската расправа може да трае до два дена. По комисиската расправа Собранието на продолжение на пленарната седница треба да ги изгласа Законот за јавно обвинителство и измените на Законот за Совет на јавни обвинители.

XS
SM
MD
LG