Достапни линкови

Палмер: САД се надеваат следниот месец да има датум за преговори за Скопје и Тирана


американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Метју Палмер

Соединетите држави многу се надеваат дека Европската унија ќе ги почне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија во идниот месец. Ова за Радио Слободна Европа го изјави американскиот специјален пратеник за Западен Балкан Метју Палмер, додавајќи дека Вашингтон смета оти патот на овие две земји до Унијата е од суштинско значење. „Непосредното прашање на агендата, прашањето со кое Европскиот совет ќе се соочи на состанокот во март ќе биде дали да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија“, изјави Палмер кој е заменик државен секретар за европски прашања, наведувајќи дека САД многу се надеваат оти одговорот ќе биде позитивен.

XS
SM
MD
LG